Skip to main content
Хроника

Во два дена исчезнале три лица, едниот се вратил

28/10/2024  17:19

Тројца мажи, на различна возраст се пријавени за исчезнати, нотира полицискиот билтен.

Имено, утрово,во Полициската станица Гази Баба, Ќ.А.(23) од с.Јурумлери,скопско пријавил дека неговиот татко А.А.(45) кој на 25.10.2024 беше пријавен дека се оддалечил од својот дом, се вратил дома.

Вчера пак, во 21.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.С.(42) од Скопје пријавил дека неговиот внук С.С.(27) од Скопје, кој имал здравствени проблеми се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Истиот ден, во Полициската станица Гази Баба, М.Ц.(61) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечил Б.М.(63) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.