Skip to main content
Македонија

Во Берово почна доставa на вода со цистерни до населението

14/11/2024  13:47

Во Берово денеска започна организираната достава на вода преку цистерни од страна на ЈКПР „Услуга“, поради зголемено присуство на манган во водата од градскиот водовод. Доставата се врши на повеќе локации, од утринава од 8 часот на неколку локации.

Водата ќе се доставува и во други населени места по утврден распоред. Водата за цистерните се полни од соседно Делчево, а претходните анализи покажаа зголемено ниво на манган во беровската вода, што ја прави погодна само за техничка употреба.