Skip to main content
Свет

Во Амстердам приведени повеќе од сто пропалестински демонстранти

11/11/2024  08:14

Холандската полиција синоќа приведе над 100 пропалестински демонстранти во Амстердам, кои протестираа и покрај тоа што во сила е забрана за протест.

Во центарот на Амстердам демонстрантите скандираа „Слободна Палестина“ и „Амстердам вели не на геноцидот“, алудирајќи на војната во Појасот Газа.

Полицијата почнала да ги приведува демонстрантите откако тие одбиле да го напуштат плоштадот.

Во Амстердам во сила е забрана за протести по минатонеделните судири кои се случија по гостувањето на фудбалскиот клуб Макаби.