![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/12/20241202084128_big_730x400_40.webp)
Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица, откако брод со дрога се расипа во близина на брегот на Квинсленд.
Полицијата соопшти дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и се соочуваат со доживотен затвор како максимална казна.
Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари.