Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ
СДС и ДУИ немаат право да зборуваат за безбедноста затоа што 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди.
Улиците низ Скопје во време на СДС, ДУИ и Оливер Спасовски беа како дивиот Запад, убиства и мафијашки престрелки имаше на сред ден.
Во време на Оливер Спасовски секој ден започнуваше со скандал, Спасовски им даде пасоши на белосветски криминалци, како и на бандити од Шкаљарски и Кавачки клан, имаше кражби и убиства за кои немаше разврска ниту одговорност.
Во време на СДС и Спасовски полицајци се удираа во пајак возилата, во време на Спасовски командири од Прилеп дилаа дрога, исчезнуваше оружје од депо на МВР, се крадеше масло од канабис, немаше одговорност на Спасовски ниту за Беса транс.
Во време на Спасовски бевме први во Европа по бегства од затвори.
За разлика од минатото кога полицајци се удира во пајаци сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани.
ВМРО-ДПМНЕ демонстрира одговорност и посветеност, нешто што беше реткост да се види изминатите години.
Реакцијата на МВР е професионална и брза и во однос на лицата кои извршија разбојништво во објект во Градскиот парк и вчера се приведени две лица.
МВР реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти и приведени се 10 тина лица.
ВМРО-ДПМНЕ е партија, која работи за мирот и стабилноста на граѓаните.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните.