Skip to main content
Uncategorized

ВМРО-ДПМНЕ: Го поправаме економскиот пустош што го оставија СДСМ во седумгодишното владеење

19/10/2024  14:30

Да не се грижи СДС, Македонија се движи во правилна насока и опустошената економија која ја оставија, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план и програма како да ја развие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС од опозиција глуми лажна грижа за граѓаните и економија, имаа седум години да ја развиваат Македонија и да зголемат економскиот. Но наместо тоа, оставија урнисана економија, девастирани институции, празен буџет.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ на власт презема конкретни мерки за заживување на економија и за зголемување на животниот стандард на граѓаните.

За само два месеци влада, ВМРО-ДПМНЕ донесе четири странски инвестиции, од кои само една е во вредност од над 500 милиони долари, и нови над 1500 вработувања.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зголеми пензиите за 5000 денари линеарно покачување за сите пензионери, следи зголемување на платите на просветните работници кое до крајот на мандатот ќе достигне 46%.

Над четири милијарди евра само во прва фаза ќе бидат доделени на сите општини за реализација на капитални и инфраструктурни проекти кои што директно ќе влијаат на заживување на економијата и стопанството и со тоа ќе се овозможи рамномерен економски развој“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.