Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција

10/12/2024  09:33

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција, Груби и Беџети на црната листа на САД.

Партнерот во криминал на СДС, Артан Груби заедно со судијата Енвер Беџети ставени на црна листа на САД.

Причината за која се ставени на црна листа на САД, е тоа што Артан Груби и Енвер Беџети, се вмешани во значителна корупција преку примање мито за поткупување судски процеси поврзани со Мијалков.

Со ова се докажува дека на партнерот на СДС, ДУИ воопшто не му е грижа за народот, туку и протестите пред Уставен суд се само една драма за да ги скријат своите криминали.

Овие луѓе се срам за Македонија!