Skip to main content
Македонија

Влада: Дополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар

13/12/2024  09:45

Како Влада се обврзавме дека ќе го вратиме достоинството на земјоделците, ќе бидеме нивен партнер и ќе ги слуша нивните барања ќе ги и решава нивните проблеми.

Денес после 7 години деградирање и срушена доверба, земјоделците конечно го добиваат она кое што го заслужуваат.

По разговорите и средбите со оризопроизводителите, се дојде до заедничка одлука истите да подржат со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз, како и дополнителни субвенции од 18.000 денари од хектар за тековната 2024 година.

Изминатите 7 години наместо на нивите да произведуваат, земјоделците беа на улиците и протестираа поради негрижата и незаинтересираноста од страна на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Денеска таа грда слика и состојба во македонското земјоделство се менува.

Владата покрај низа на мерки и проекти реализирани изминатите 6 месеци и санирање на штетите оставени од претходното раководство, продолжува посветено да работи за подобар животен стандард на земјоделците.

Владата е земјоделска Влада, која ја разбира маката на земјоделците и го цени и вреднува нивниот труд.

Продолжуваме посветено за подобра иднина за сите!