Актерот, писател, водител и шоумен, нашата легенда Игор Џамбазов утринава на социјалните мрежи постави видео од неговиот настап во Канада каде беше неодамна. Сепак ова видео не е секојдневно, бидејќи овој пат сподели еден емотивен и уникатен момент кога на настапот ја повикал својата некогашна дадилка, тетка Даринка, која се грижела за него и неговата сестра Татјана додека биле деца и со која заедно живееле, кога нивните родители во врвот на своите кариери патувале и не можеле да бидат дома.
Од видеото се гледа искрена емоција која и двајцата ја гаеле целиот живот, па конечно по 56 години се сретнале повторно токму во Канада каде тетка Даринка живее со својот сопруг.
С
Колегите и фановите во коментари пишуваат дека се трогнати од видеото и дека само преку снимката можат да ја почувствуваат љубовта и почитта која ја имаат еден за друг.
“Животот е суров”, вели Џамбазов на крајот, но животот знае да биде и многу убав, додаваат граѓаните во коментарите, ова е доказ за тоа.
Видеото погледнете го со клик ТУКА.
Н.Ј.