Во најновата епизода на подкастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ се зборуваше за борбата со кацерот на дојка.
Доктор Томислав Јовановски од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија зборуваше за мастектомија и за оперативните зафати кај пациентки од канцер на дојка.
Пејачката Милица Кузмановска која е и дел од Хема – Онко, здружение за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели зборуваше за борбата со канцерот, упатувајќи апел до сите жени навремено да ги извршуваат превентивните прегледи.
Петтата епизода од подкастот ЗРАК ќе се емитува во стандардниот термин, в недела од 21.00 часот.