Skip to main content
Македонија

(Видео/Најава) Како е да се живее со механичко срце?

15/11/2024  10:54

Во новата епизода на подкастот ЗРАК со Д-р Марина Вукашиновиќ, гостин е Васко Јолески претседател на здружението на пациенти со механичка потпора на срцето и нивните поддржувачи „Храбро срце“ и човек кој неколку години живее со механичко срце.

Јолевски зборува за тоа како стигнал до механичка потпора на срцето но и каков е животот кога машина го прави она што не може срцето.

Покрај Јолевски во подкастот гостува и Д-р Александар Колев, кардиохирург кој зборува за операциите на срце, но и за процесот и важноста на трансплантацијата на срце во Македонија.

Целата емисија погледнете ја во недела во 21.00 часот.