
Вечерва македонските ракометарки го одиграа вториот натпревар на Европското првенство и ремизираа со репрезентацијата на Турција.

Од трибините во спортската сала во Дебрецин натпреварот го следеше и поранешниот македонски прмеиер Никола Груевски.
Груевски пребегна во Унгарија во 2018 година откако беше осуден на затворска казна за случајот „Тенк“ за набавка на службено возило.