Skip to main content
Македонија

Вечерва Јакимовски прв пат говори за борбата против канцерот во новата епизода на подкаст ЗРАК со д-р Марина

08/12/2024  20:30

Во седмата епизода од поткастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ се зборува за канцер на белите дробови. 

Гости на д-р Марина се специјалист д-р Славко Тасевски од Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија ПЕТ Скен и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој е рековалесцент од канцер на бели дробови. 

Во емисијата ќе слушнеме лични искуства од Јакимовски во борбата против канцерот на бели дрбови, но и за важноста на радиодијагностиката и навременото откривање на оваа подмолна болест.  

Од сите малигнитети,  ракот на бели дробови е причина број еден за смртност. 

Целата епизода на следниот линк започнува во 21:00 часот.