
Вечерва со почеток од 19.00 часот во седиштето на СДСМ ќе се одржи 1-та седница на новоизбраниот Централен одбор на партијата.
На седницата ќе бидат избрани членовите на новото раководство (секретари и потпретседатели) на партијата.
Претходно, СДСМ одржа Конгрес на кој беше избран составот на новиот Централен одбор како и нов заменик претседател, Фани Каранфилова Пановска.