
Во последните два часа во повеќе делови на Скопје и на Македонија се спроведува координирана акција на единици на МВР, чија цел се членови на насилни криминални групи, пишува порталот Плусинфо.мк
Според наводите на порталот во моментов забележливо е големо присуство на полициски сили во скопските општини Чаир и Арачиново, но и во други делови на Скопје.
Повеќе информации од МВР и ЈО се очекуваат во текот на утрешниот ден.