Skip to main content
Македонија

Вечерва воздухот во Македонија е опасен по живот: Највисоко ниво на загаденост со 497 μg/m3

19/11/2024  21:42

Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е со највисоко ниво на загаденост, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk.

Според најновите измерени вредности, концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот во скопската населба Лисиче изнесува 184 μg/m3, а највисока вредност меѓу сите мерни станици во земјава е во Каварадци 497 μg/m3.

Во други делови на државата, загаденоста исто така останува висока: во Кавадарци е регистрирано загадување од 497 μg/m3, во Струмица 257 μg/m3, во Кичево 212 μg/m3, во Куманово 203 μg/m3, во Лисиче 184 μg/m3, а во Битола 178 μg/m3.

Овие вредности ги надминуваат дозволените граници, особено во Каварадци, каде што концентрациите се екстремно високи.