Skip to main content
Балкан

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

08/11/2024  10:47

Вршителот на должноста директор на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, утрово изјави дека состојбата на тројцата тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември се уште е непроменета.

Седми ден од борбата за живот, состојбата се уште е непроменета. Тие се уште витално загрозени, секој ден контролираме, секој ден Советот се состанува неколку пати во текот на денот“, изјави Туркулов.

Туркулов додаде дека внимателно се следи нивната здравствена состојба, се прават дополнителни наоди, лабораториска дијагностика и вака се одлучуваат понатамошните чекори.