Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на кружен тек од улицата „Димитар Влахов“ и улицата „Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани, 41-годишниот Ј.А. од Кочани, управувајќи велосипед паднал на коловозот.
Во несреќата Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кочани
Увид извршила екипа од ОВР Кочани.