На денешното сведочење за убиството на Вања и Панче на вкрстено прашање од адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегчиќ како го извеле заклучок дека девојчето не е киднапирано и дека можеби како што рече „сака да ги казни родителите”, сведокот рече дека во разговорите со родителите направиле профилирање на нивниот социјален и приватен живот.
– Од тие разговори ние буквално „ги соголевме”. Од нивните разговори добивме до знаење дека таа еднаш се обидела да се сече со тврд предмет. Да, да. Имало ситуации на несогласувања меѓу нив. Добро паметам, девојчето Миња рече, се сеќаваш еднаш кога се боцна, и Зорица рече да, да. Тогаш дојде индиција дека ете може сакала да ги казни и избега, за да ги смири, рече сведокот.
Прашан дали добиле впечаток дека станува збор за грижливи родители, сведокот рече да.