Валенсија, синоќа доживеа пораз од лас Палмас 2:3, во последниот натпревар од 10.коло во Ла Лига. Околу 43.000 гледачи на култниот стадион беа сведоци на уште еден тежок пораз на еден од најполупарните клубови во Шпанија, пораз кој го смести клубот на последното место на табелата.
На Валенсија уште пред почетокот на сеозната и се прогонозираше борбата за опстанок, но ниту најголемите песимисит не може да си замислат дека тимот ќе изгледа толку лошо во првите 10 кола.
Лас Палмас им беше шанса да победат, бидејќи овој тим немеше победа од 10 февруари, кога ја победија токму Валенсија. На крајот Лас Палмас ја прекина серијата од 23 натпревари без победа во Ла Лига.
¡En llamas! Siguen los incidentes en los alrededores de Mestalla. La policía trata de controlar la situación pic.twitter.com/GPh80pPOsT
— MARCA (@marca) October 21, 2024
По натпреварот, пред „Местаља“ избувнаа нереди. Илјадници навивачи на Валенсија се собраа пред натпреварот да го осудат владеењето на сопственикот Питер Лим, а по натпреварот останаа пред стадионот и на паркингот на клубот.
Револтираните навивачи потоа се упатија кон седиштето на клубот кое е на само неколку метри од стадионот. Незадоволните навивачи на Валенсија запалија се пред себе и се судрија со полицијата. Обичен протест прерасна во сериозен инцидент, а повредени се неколку навивачи и полицајци.
Навивачите на Валенсија се крајно незадоволни од сопственикот од Сингапур, Питер Лим (71), кој го презеде клубот во мај 2014 година, кога купи 70,4 отсто од акциите. Лим е сингапурски бизнис магнат кој бил брокер на акции и инвеститор на палмово масло. Сега приватниот инвеститор е фокусиран на здравството, градежниството, спортот и образованието.
Тој е рангиран на 23-то место на листата на Форбс на 50 најбогати луѓе од Сингапур и неговото богатство се проценува на 1,9 милијарди долари. Освен во Валенсија, Лим е акционер и во англиски Салфорд Сити.
Cargas policiales en Mestalla pic.twitter.com/3jPcm6bJkh
— Diego Pico (@D_pico_) October 21, 2024