Skip to main content
Македонија

Бочварски: Нула реализација од ветеното на власта, само фиктивни бројки и поголем јавен долг

22/11/2024  14:38


Соопштение на СДСМ:

Во буџетот за капитални проекти се предвидени околу 800 милиони евра и тоа се само фиктивни и пренапумпани бројки за во јавност, и не сум сигурен дека оваа влада ќе ги реализира тие проекти, рече Благој Бочварски на гостувањето во емисијата „Дејли клик” на 21 ТВ.

Тој се осврна и за проектите за општините, за кој владата на големо зборуваше пред изборите, а сега од тоа не гледаме ништо, освен 0 реализација на ветеното.

– Во делот на проектите на општините за оваа година ДПМНЕ ветија дека ќе се реализираат 100 милиони евра, а за наредната година, дополнителни 250 милиони евра, што се огромни суми на средства. И што се случи, еве го месец ноември, а од тие 100 милиони евра во моментов реализацијата е нула, а веројатно така ќе остане. За следната година место ветените 250 милиони евра, сега гледаме дека во буџетот се предвидени околу 100 милиони евра, па прашањето е колку од тие пари ќе се реализираат. Но, од што со гледаме фокусот е ставен на некаква си медиумска активност и инвестиции кои вербално се изнесуваат во јавноста, ама на терен нема ништо од тоа, рече Бочварски.

Тој потенцираше дека сегашната влада само продолжува да ги реализира проектите кои беа започнати во времето на СДСМ, како што се реализирањето на коридорот 8 и 10, потоа на железничката пруга, локалните патишта.

– Владата зборува за бројки кои се преоптимистички и нереални во буџетот, а од друга страна гледаме дека дефицитот е позициониран на 4%, а јавниот долг со кој ја предадовме власта од 55%, сега надминува над 64% до крај на годината, рече Бочварски.