Skip to main content
Хроника

Битолчанец грабнал 24-годишна девојка и ја тепал во викендица

25/10/2024  17:44

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

На 21.10.2024 пријавениот во повеќе наврати физички нападнал 24 – годишна жена и против нејзина волја ја држел во неговата викенд куќа во битолско, каде што, исто така, физички ја напаѓал.