Бидејќи Трајко Славески никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има, извести градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа на овој начин му одговори на објавата на претседателот на Советот на Град Скопје, Славески кој напиша дека Арсовска е на потег во врска со случајот со приватните превозници.
-Го охрабрувам Трајко Славески, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не. Биди храбар Трајко, му порача Арсовска на Славески.
Славески пак претходно најави дека приватните превозници преку член на Советот на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги а дека предлогот е доставен до градоначалничката.