Skip to main content
Македонија

Беџети: Со антиалбанизам, Мицкоски се обидува да дефокусира

14/12/2024  20:38

Ако некој поранешен функционер на ДУИ не работел според законот, работа на органите на прогонот е да го гонат, но не и на премиерот кој зборува за овие прашања, изјави шефот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети. Тој ова го изјави коментирајќи ја вчерашната изјава на Мицкоски дека некои високи функционери на ДУИ се под истрага. Според Беџети, ова е антиалбански наратив кој Мицкоски го користи за да дефокусира.

Не е здраво ниту за него, a ниту обидот за дефокусот кој се случува кон овој антиалбански наратив, да прикрие, сметам дека тоа е дел од тој наратив, дека Албанците се криминализирани или не го почитувале Законот. Секој што го прекршил законот треба да биде приведен и достапен на органите на прогонот, но не со тој наратив кој го покрива дефокусот со непочитување ниту на законите, ниту на духот што произлегува од Рамковниот договор.“, изјави Беџети.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски откри дека се отворени случаи против функционери на ДУИ.

Обвини дека интегративците имаат стратегии за отворање на етничките прашања за да се подели населението и да се одвлече вниманието од, како што рече, направените криминали, но додаде дека власта тоа нема да го дозволи.

Овие преписки меѓу власта и опозицијата преку етнички прашања или кривично гонење на поранешни функционери од редовите на ДУИ се интензивираа последниот период кога се чекаше одлуката на Уставниот суд за Законот за јазиците. Европскиот фронт таму постави шатори и се прогласија за Чувари на јазикот, а власта постојано ги обвинуваше дека тоа го прават за да го одвлечат вниманието од направените криминали, бидејќи со Законот за јазиците нема да се случи ништо.