
Дел од корисниците на улиците „Киро Крстевски Платник“ и „Апостол Гусларот“ во Општина Центар ќе немаат вода поради дефект на затворач ф-80 мм на ул. „Киро Крстевски Платник“ 21.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 9 часот и ќе трае до санирање на дефектот.
Прекин во снабдувањето со вода ќе имаат и корисници од ул. „Стогово“ во Карпош поради реконструкција на водоводна мрежа на таа улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.
Корисниците од дел од ул. „Србија“ во општина Аеродром денеска ќе немаат електрична енергија од 9 до 12 часот.
Според известување од ЕВН Македонија АД, струја од 9 до 13 часот ќе немаат и дел од потрошувачите на ул. „Скупи“, дел од објектите околу сервис „Олимпико“ во општина Карпош, како и корисниците на дел од село Орешани во општина Зелениково, од 9 до 15 часот.