Невообичаена спасувачка операција се одвива во центарот на Скопје, во близина на зградата на Министерството за одбрана, објави Телма.
Полицијата бркала да фати осомничен, но тој успеал да “се засолни” пред потерата и да се качи на дрво покрај улицата.
Полицајците го забележале, но бегалецот останал качен на дрвото. Била повикана пожарна и итна помош, со идеја да се надува душек и бегалецот да скокне на него.
Но, немало доволно простор за душекот поради што се бара ново решение за спасувачката драма и завршување на полициската потера.
ПОСЛЕДНА ИНФОРМАЦИЈА: Околу 18:15 часот, лицето е симнато и преземено од полицијата по што од местото си заминаа и полициските и возилото на Итна помош.