Бебето кое што почина вчера на Детската клиника, старо осум било донесено од Струмица во тешка здравствена состојба, потврдуваат од клиниката. Како што објаснуваат, се работи за предвремно родено дете, со мала тежина, кое било со тешка сепса.
Претходно, редакцијата на 24инфо која што всушност и ја обелодени оваа трагедија на Детската клиника, го контактираше директорот на клиниката д-р Реџеп Мемеди кој не сакаше да открие повеќе детали освен дека низ клиниките секојдневно умираат деца.