Skip to main content
Македонија

Бајрами: Се надевам дека за брзо ќе бидат откриени сторителите на настанот

02/12/2024  12:50

Едно од опожарените возила во Куманово е сопственост на јавниот обвинител Џелал Бајрами, кој во изјава за МИА, нагласи дека очекува во најскоро време да бидат пронајдени сторителот/те на настанот. Приватното возило е целосно оштетено.

– Пријавено е уште кога се случи настанот, од страна на соседите на кои во оваа прилика им се заблагодарам. Дојдена е противпожарната единица, припадници на полицијата. Изгаснат е пожарот, ништо не остана од возилото. На самото место излезе и дежурниот јавен обвинител, зедоа материјални докази за расветлување на настанот. Очекувам и се надевам дека брзо ќе се најдат сторителот или сторителите на оваа дело. Приватно е возилото, паркирано пред дворот од куќата пред влезната врата нема други штета, возилото целосно опожарено очекувам дека во најскоро време ќе бидат откриени лицето или лицата кои стојат зад настанот, изјави Бајрами.

Претходно ЈОРСМ информираше дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија.

– Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од самото место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од самото место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор, велат од обвинителството.