Skip to main content
Свет

Барние денеска ќе поднесе оставка, Макрон ќе и се обрати на нацијата

05/12/2024  08:47

На француската влада на премиерот Мишел Барние синоќа со мнозинство гласови и беше изгласана недоверба во Парламентот, по што Барние денеска ќе поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон. Според француски медиуми, Макрон  вечерва ќе и се обрати на нацијата.

Како што пренесува „Фигаро“, по „историското гласање за недоверба“, Барние денеска во 10 часот ќе поднесе оставка до Макрон, додека телевизиското обраќање на шефот на државата до нацијата е планирано за 20 часот, соопшти Елисејската палата.

Од опкружувањето на Макрон не прецизираа кога тој ќе назначи нов премиер, но неколку извори блиски до претседателот наведуваат дека тој има намера тоа да го направи брзо, можеби дури и вечерва, пишува денеска парискиот весник.