Skip to main content
Култура

„Ајде да се запознаеме“ – серија проекции на современи грчки филмови

06/11/2024  09:11

Во Кинотека вечер почнува серијата проекции на современи грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“ што ја организира Амбасадата на Грција во Северна Македонија.

Прв ќе биде прикажан повеќенаградуваниот филм „Мала Англија“ (2013) на Пантелис Вулгарис, а влезот е бесплатен.

Вулгарис е еден од најзначајните грчки режисери, кој заедно со Теодорос Ангелопулос е главен претставник на трендот на новата грчка кинематографија која стана светски позната во 70-тите.

„Мала Англија“ е производ на соработката на Вулагарис со истакнатата грчка писателка Јоана Каристианис. Постигна голем успех од уметнички, но и од комерцијален аспект. Доби шест признанија од Грчката филмска академија и награда за најдобар филм на 17. Меѓународен филмски фестивал во Шангај.