Skip to main content
Спорт

Аталанта го чека Реал, Џирона без Миовски против Ливерпул

10/12/2024  11:51

Вечерва и утре во Лигата на шампионите ќе се одиграат натпреварите од шестото коло. Апсолутно дерби вечерва e дуелот во Бергамо, каде во реприза на финалето во Супекупот ќе се сретнат Аталанта и Реал Мадрид.

Колото ќе го отворат Џирона и Ливерпул на „Монотливи“ стадионот. Бојан Миовски нема да биде во составот на Џирона. Македонскиот репрезентативец, вчeра на тренингот го повредил зглобот. Се уште не е познато колку натпревари ќе пропушти.

И без Миовски пред Џирона е исклучително тежок натпревар. Ливерпул е тимот кој игра најдобро во овој момент. Ливерпул е лидер во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите е единствениот тим со максимални пет победи.

Дербито на денот сепак е реприза на Суперкупот, но екипите овојпат се во многу поинаква состојба. Аталанта изгледаше ранливо летово против Реал, додека сега е еден од главните кандидати за освојување на Скудетото.

Од друга страна, мадриѓаните во Италија доаѓаат без многу играчи, па ќе мора да се потпрат на Килијан Мбапе бидејќи тренерот Карло Анчелоти нема да може да смета на Винисиус Жуниор, Давид Алаба, Дани Карвахал, Едер Милитао, Ферлан Менди и Едуардо Камавинга, додека Родриго е неизвесен за овој дуел.

Натпреварот во Бергамо е еден од најважните за Реал оваа сезона. Актуелниот шампион има две победи и три порази, што значи дека ќе дојде во тешка ситуација за пласман во нокаут фазата доколку биде поразен од Аталанта.

Вторник:

Динамо З. – Селтик 18.45 часот
Џирона – Ливерпул 18.45
Аталанта – Реал 21.00 часот
Баер Леверкузен – Интер 21.00 часот
Брест – ПСВ 21.00 часот
Бриж – Спортинг 21.00 часот
Лајпциг – Астон Вила 21.00 часот
Салцбург – ПСЖ 21.00 часот
Шахтјор – Баерн 21.00 часот

СРЕДА

Атлетико – Слован 18.45 часот
Лил – Штурм 18.45 часот
Милан – Црвена звезда 21.00 часот
Арсенал – Монако 21.00 часот
Бенфика – Болоња 21.00 часот
Борусија Д. – Барселона 21.00 часот
Феенорд – Спарта 21.00 часот
Јувентус – Манчестер Сити 21.00 часот
Штутгарт – Јанг Бојс 21.00 часот