Skip to main content
Македонија

Артан Груби ги демантира шпекулациите: „Не сум избегал од државата“

15/12/2024  23:41

Артан Груби,поранешниот прв вицепремиер на Македонија, преку својот профил на Фејсбук ги демантираше шпекулациите дека ја напуштил државата.

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство“, напиша Груби.

Со оваа изјава, Груби ги отфрли сите наводи кои се појавија во јавноста, повикувајќи на точност и одговорност при пласирањето на информации.