На 31.10.2024 во 23.05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Љ.Г.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 31.10.2024 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(35) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана.
На 31.10.2024 во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција лишиле од слобода малолетник од с.Стајковци, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш.
На 31.10.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Л.Н.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 31.10.2024 во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(25) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана.
По документирање насите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.