Skip to main content
Спорт

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

29/11/2024  08:56

Италијанскиот стручњак, Карло Анчелоти, стана тренер со најмногу натпревари во историјата на Лигата на шампионите, односно поранешниот Куп на шампионите, објави неговиот клуб Реал Мадрид.

MK Summit

Италијанецот во средата вечерта беше на клупата на Реал при поразот од Ливерпул со 2-0, што беше негов 215-ти натпревар во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Со тоа го престигна Алекс Фергусон, поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, кој го водеше тимот 214 пати во Лигата на шампионите.

Додека ги тренираше Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн, Наполи и Реал Мадрид, Анчелоти победи на 123 натпревари. Два пати ја освои Лигата на шампионите со Милан, а три со Реал Мадрид, од кои последниот пат беше во јуни годинава.