Познатата фитнес инструкторка Ана Стојанова, информира дека деновиве е цел на напад, пред се како жена. Имено неименувано лице успеало преку фотошоп да создаде “нејзина гола фотографија”, па сега истата таа лажна фотографија се шири на социјалните мрежи и стигна до Стојанова.
“Деновиве добивам пораки дека “се врти” гола фотографија од мене која што е направена со фотошоп и тоа многу лош. Направен е скриншот од видео кое што беше објавено кај мене на стори и истото е злоупотребено.
Јас нема да го коментирам оној кој што се дрзнал на ова и сосема ми е разбирливо затоа што сум јавна личност и не можам да се заштитам до крај. Објавувам јавно за да ја известам Армијата да ја знае вистината- бидејќи само за неа и се грижам”, објави Стојанова на социјалните мрежи.
Покрај тоа таа за споредба ги објави и двете фотографии – вистинската на која е по долна облека и онаа лажната која е обработена на фотошоп и на која таа е без облека.
“Многу ми е жал што ќе ве разочарам ама бар забавно ви било во ДМ. & Премногу сум воспитана за било кој да го навредам. Убав ден ви посакувам”, додаде Стојанова.
Н.Ј.