Skip to main content
Македонија

Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

12/11/2024  14:26

„По обидот за фаќање на Советот на обвинители, сега партиите од коалицијата ВЛЕН, во соработка со ВМРО, сакаат да го фатат и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни дејности, со двајца целосни партиски кандидати пријавени на конкурсот кои веќе ја поминале матичната комисија и се обидуваат да ги изгласаат и на пленарна седница“, велат од Алијанса за Албанците и додаваат:

„Со прекршување на Законот и условите на конкурсот, комисијата за прашања на изборите и именувањата ја донесе листата на која се и двете кандидати Афрона Верзиволи и Нафие Селмани. Првата кандидатка на групата на Арбен Таравари, претходно номинирана за главен ревизор на ИПА фондовите, сопартиец и сопруга на претседателот на огранокот на групата на Таравари во Липково, Адријан Демири. Дури и на местото главен инспектор, каде што беше одбиена поради неисполнување на условите, Верзиволи и беше предложена на Владата како партиски кадар.

Другата кандидатка, Нафие Селмани, беше кандидат на Алтернатива за градоначалник на Град Скопје, кандидат за општински советник во Чаир како и на последните парламентарни избори, кандидат на оваа партија на листата за пратеници.

Евентуалниот избор на двајца кандидати предложени од владините партнери, како и на некои други членови блиски до ВМРО и други политички партии, значи скандалозна партизација на советот за медиуми, кој треба да биде независно тело. Слободата на медиумите и новинарите е еден од главните столбови на демократијата што не треба да дозволиме да биде загрозена од теснопартиските интереси на актуелната нелегитимна Влада.“, велат од Алијанса за Албанците.