Александар Вествуд, актер од серијата „Сексуално образование“ на Нетфликс, беше прогласен за виновен за 26 сексуални престапи, вклучително и силување деца.
Обвинителите го опишаа како манипулатор кој ја користел својата позиција на авторитет како учител по глума за да најде жртви. Тие изјавија дека сексуалното злоставување е неговиот „начин на живот“.
Неговата најмлада жртва имала 10 години. Обвинителот Ендру зборуваше за две тинејџерки кои оделе во неговото актерско училиште. Биле принудени на најнедолични дејствија и со години биле систематски злоупотребувани.
Во периодот од ноември 2020 до септември 2021 година, осомничениот повеќепати силувал и сексуално малтретирал една од ученичките. Тој и рекол дека не смее да престане да доаѓа на неговите часови и ја натерал да потпише договор.
Актерот и рекол и дека доколку го прекрши, ќе мора да плати вртоглава сума пари. Познато е и дека принудил девојче да ја пие неговата урина.