Skip to main content
Македонија

„Ако сте влегле со партиска книшка во администрација, не сте лојални на Уставот и законите туку на тие кои ве вработиле“, вели Сиљановска

01/12/2024  12:49

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на прес-конференција од Црна Гора упати порака до јавната администрација, нагласувајќи дека вработените преку партиски врски не можат да бидат лојални на Уставот и законите, туку на оние што ги довеле на тие позиции.

„Ако влегувате во администрацијата преку партиска книшка, ќе бидете лојални само на оние кои ве вработиле, а не на Уставот и законите. Иако не ги знам точните податоци за Црна Гора, бројките за Македонија се алармантни – имаме егзодус на најдобрите кадри. Тие брзо се препознаваат во западноевропските земји, додека кај нас, многумина чекаат да се вработат благодарение на партиска припадност“, изјави Сиљановска Давкова.