Skip to main content
Хроника

Автомобил излета од патот во Чашка, меѓу повредените има и дете

27/10/2024  17:00

Синоќа на регионалниот пат село Теово-село Согле, општина Чашка, автомобил „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.С.(31) од селото Пешталево, општина Долнени, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила малолетната сопатничка, констатирани во болницата во Прилеп.

По овластување на јавен обвинител од Велес, увид на местото извршила увидна екипа.