Skip to main content
Хроника

Ѝ ја зел картичката и си извадил 500 евра

26/01/2026  14:30

СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

На 20.10.2025, пријавениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка, по што извршил четири успешни трансакции на два банкомати во Штип, при што одзел вкупно 31.300 денари (околу 500 евра)