Посетителите на трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје синоќа можеа да забележат автомобил кој беше паркиран пред трговскиот „исцртан“ со пораки кон неговиот сопственик.
Од она што е очигледно се работи за љубовна одмазда. На возилото беа испишани зборови како „дебил“, „идиот“ и „cheater“, што сугерира дека личноста која ги испишала овие работи била длабоко повредена па не сакала да си замине туку така, па направила на ваков начин да видат сите.