Skip to main content
Скопје

Јанчева: Хаос со јавниот превоз во Скопје, Славевски и Арсовска наместо да се караат да земат да работат

29/11/2024  16:10

Хаос со јавниот превоз во Скопје, Славевски и Арсовска наместо да се караат да земат да работат


Виновниците за хаосот во јавниот превоз се советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои континуирано одбиваат да гласаат за набавка на нови, еколошки автобуси. Сега, премиерот Мицкоски ветува само 100 автобуси, за кои, како што е најапсурдно, нема предвидено средства во новиот буџет. Ова е уште една празна и лажна порака до граѓаните. До кога ќе продолжите да ги манипулирате и да се изживувате со нив?

Советничката група на СДСМ и коалицијата упатува јасен и гласен апел:

Итно свикување на вонредна седница на Советот! Граѓаните не смеат да бидат оставени без јавен превоз. Превозот е нивна основна потреба и ние ќе направиме сè за да ги заштитиме нивните права. Ги повикуваме сите советници да ја поддржат оваа иницијатива, да покажат одговорност и да ги надминат политичките игри.

Утрово, претседателот на Советот, Трајко Славески, дури постави нови апсурдни барања – оригинални потписи со пенкало за иницијативата, нешто што досега никогаш не го барал. Истовремено, го повикуваме да престане со процедуралните пречки и конечно да дозволи решавање на проблемите кои го парализираат градот.

Со поднесената иницијатива бараме на дневен ред да се постави решението за јавниот превоз. Очекуваме информација од градоначалничката и секторите на Град Скопје за можностите за брза корекција и враќање на функционалноста на јавниот превоз.

Секој ден одложување е ден повеќе во кој граѓаните страдаат. Јавниот превоз не е луксуз – тој е основна потреба!

Советничката група на СДСМ и коалицијата останува посветена на борбата за интересите на граѓаните.