Skip to main content
Скопје

Ѓорѓи Галетановски: Вчера пешачев низ Aеродром горчеше тоа што дишев и дома плукав црно

11/11/2024  15:51

Ѓорѓи Галетановски, екс директор на ЗОО и претседател на скопскиот огранок на СДСМ со објава на социјалните медиуми им се обрати на граѓаните по повод информациите со преголемото аеро загадување во главниот град. Зимата сеуште не е почната, а ние сме на 7-мо место како најзагаден град во светот.

“Скопјани дишат канцер. Зимата уште не е почната а 7ми најзагаден град сме во светот. Вчера пешачев низ Aеродром горчеше тоа што дишев и дома плукав црно. Локалната и централната власт мора експресно да реагираат, порано казните на палење стрништа беа големи и секојдневни, од градот безплатно собираа отпади и доделуваа вештачко ѓубриво и взаемно со интензивното доделување инвертери носеше позитивни резултати. Морално беше да се спроведе и бас рапид превозот кој ќе придонесеше многу за чист воздух во градот но ништо од тоа. Ова не смее да им се повтори на cкопјани бидејќи е еднакво на живот во пекол, не можат ни да излезат од дома деца да прошетаат”, напиша тој на Фејсбук.