По 6 години Марија Шерифовиќ повторно со концерт во Македонија. Таа на 2 Ноември ќе одржи спектакуларен концерт во Арената Борис Трајковски, како дел од турнејата “Доаѓа љубов (Долази љубов)” а како што кажа денес се надева дека тој ќе биде исто така посебен како што бил и претходниот во 2018 година, бидејќи публиката е таа која што и е најважна и колку и да не е расположена, вели пред публиката мора да отпее најдобро.
По тој повод денеска Шерифовиќ денеска во Скопје одржи прес-конференција на која зборуваше на многу теми. На прашање на новинарите кој пее подобро дали таа или нејзината мајка, таа одговори дека тоа е тешко прашање, но дека нејзината мајка и има кажано дека на нејзини години не можела да пее толку добро, но дека откако таа самата почнала да ги извадува песните на мајка си, сфатила за каков вокал се работи бидејќи се многу тешки за изведување.
Меѓу другото таа истакна и дека доколку нејзиниот син некогаш би сакал да се бави со музика не би му препорачала да биде пејач, туку подобро инструменталист, првично затоа што тоа е многи тежок живот а исто така се плаши и од товарот кој ќе го носи поради неа и очекувањата кои би биле превисоки.
Најави дека би сакала да пее до свои 58 години и ништо повеќе. Марија истакна дека не сака во својата длабока старост се уште да биде на сцената и да ги прави сите овие работи, туку тој период доколку се уште е жива, би сакала да ужива.
“Мојата кариера генерално е таква, што не знам дали би ја посакала на некого, но јас сум горда на неа. Не е ни малку лесно, ни малку забавно на Балканов на било каков начин да бидеш поинаков. Ова е мој апел до било кого кој е свој, на свој начин, да ја зголемува својата самодоверба, својата глава, своето ментално здравје и да не потклекнува кон тоа да се промени и да падне под притисокот на препреките во животот.
Мојата награда најголема од сите е всушност тоа што јас сум истата и по 20 години. Исто изгледам исто зборувам, мене баш ми е гајле што некој ќе каже или мисли. И на крајот можам да кажам само Боже ти благодарам што има кој да ме слуша”, заврши таа.
За претстојниот концерт не откри дали ќе има гости, затоа што рече нејзините колеги кои ги почитува и сака се многу зафатени а не би викнала било кого за свој гостин на концерт.