Skip to main content
Хроника

Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

22/11/2024  12:44

Жртвата во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случи на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Чаир е 69-годишна жена од Скопје со иницијали Н.П.

Како што вчера информираше МВР, деветнаесетгодишната А.Џ. се здобила со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

МВР не соопштува за причините за сообраќајната несреќа.

По наредба на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.