Одговарајќи на новинарско прашање околу тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека бил следен со дронови, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ живеел во паралелен универзум.
„Лагите на премиерот еволуираат во зависност од тоа како еволуира технологијата. Во еден дел жолтите комбиња еве станаа дронови, во друг дел видовме на собраниската седница шилото, стана црвче. Премиерот откога е на функција, како да живее во некој паралелен Универзум, некои работи само тој ги гледа. Имаше некое мито за Коридорот, железничките кое само тој го виде, имаше дестабилизација, па сега нема. Па беше Бехтел и Енка скандалозно коруптивен проект на кој што сега се сликаат и повикуваат на промоција“ рече Филипче.
Тој измамнички пристап, додаде Филипче, е карактеристичен само за луѓе кои не можат да се носат со функцијата што ја имаат и бегаат во лага секогаш кога имаат сериозен предизвик.