Skip to main content
Хроника

Фатен бегалец од затвор во Струмица

08/12/2024  12:52

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица.

Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено поправна установа – Затвор Штип за доиздржување на шест години, седум месеци и 19 дена од казната.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, известуваат од МВР.