
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Сарај и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Боривое Милошевски, Вера Радосавлевиќ, Зенден Џемаил и објектите кај Кванташки пазар во општина Гази Баба.
Во периодот од 09:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Кондово (сред село), Волково, Кучково, Грачани, Караула Чашка, Радуша, Дворце, Орашје, Рашче, Бојане, Копаница и Свиларе во општина Сарај.
Во периодот од 10:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците селото Бардовци, улица 1.687 од бр.54 до бр.40 во местот Шамак во општина Ѓорче Петров.