29-годишна мајка го избодела до смрт својот 4-годишен син со нож во неделата наутро во Виена.
Жителите на зградата во виенскиот 11-ти станбен кварт Фаворитен, каде што се случи злосторството, изјавија дека се во шок поради ужасното злосторство. Според медиумите, за убиството на момчето е осомничена мајката на момчето, 29-годишната Елифнур О со турско потекло, која работела како помошничка во градинка. Соседите, како и нејзината најдобра пријателка, за неа велат дека била „мајка полна со љубов“. Никому не му е јасно што се случило што мајката кренала рака на сопственото дете.
За време на убиството во станот бил и сопругот на 29-годишната жена. Тој повикал брза помош и полиција, која исто така била шокирана кога го пронашла безживотното тело на момчето облеано во крв. Како што пишува „Хејте“, кога пристигнала полицијата, таткото на момчето бил облеан во крв од очајничките обиди да го спаси синот.
По полицијата, на местото на злосторството пристигнале вештаците за судска медицина. Жителите не можеле да поверуваат дека момчето од приземјето на нивната зграда е убиено. „Неутешни сме! Срцето ни е скршено што ова слатко дете е мртво. Со часови се надевав дека е несреќен случај“, плачејќи рекла Хасрет Д.(34), добра пријателка на жената, осомничена за убиство.