Skip to main content
Хроника

Уапсен криминалец баран со потерница

13/11/2024  16:02

На 12.11.2024 во 17.10 часот на ул. „Џумајска” во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Б. (45) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од 20 години, во врска со повеќе кривични дела по чл.235 ст.1 (кражба) од КЗ.

При преглед кај лицето, пронајдени се фалсификувани хрватска патна исправа, лична карта и возачка дозвола. Д.Б. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.